Веќе е јасно дека по враќањето на авансот од Кинезите, за вакцините, залудни се зборовите за очекувања од страна на власта. Македонските граѓани во обид да направат хумор од траги-комедијата наречена набавка на вакцини – ги преполнија социјалните мрежи. Но, ништо не може да ја избрише хронологијата на лажни, невистинити или пропаднати ветувања од страна на власта.

Колку за потсетување истите „течеа“ вака:

22.12.2020, Венко Филипче: Јас верувам дека првата количина вакцини ќе биде оваа што денеска ја договоривме од Република Бугарија. Според нивните сознанија , во месец јануари, за што и тие не беа особено сигурни- за што апсолутно ги разбирам, таков е притисокот од сите земји во светот. Венко Филипче

30.12.2020, Филипче: Јас верувам дека ќе има начин и пред месец март вакцините да стигнат во нашата земја.

01.01.2021, Филипче: Не замолија од компанијата се уште да не се објавуваат дозите инаку точно знаеме колку дози треба да стигнат во февруари, колку во месец март, и во април.

08.01.2021, Филипче: Вчера стигна писмото за најава од Ковакс механизмот дека е можно вакцините од овој механизам да стигнат на крајот на месец јануари и почетокот на месец февруари. По три механизми 800 илјади дози за 400илјади граѓани. Што значи 1,2 милиони граѓани што значи 60 проценти од населението.

16.01.2021, Филипче: Првите дози може да се очекуваат на оние земји кои што се спремни, а ние бевме оценети како една од најспремните земји во Европа, во смисла на тоа да се пречекаат, складираат, дистрибуираат.

26.01.2021, Филипче: Во месец февруари очекуваме да пристигнат вакцини по повеќе начини, механизмот на Фајзер, прва би била помошта од Србија, а после тоа и нашиот договор. Еве до крајот на неделата и точните термини преку Ковакс механизмот, а до крајот на месец февруари и кинеската вакцина.

03.02.2021, Зоран Заев: Постапката оваа недела ќе се заокружува за набавката на вакцините. Очекуваме меѓу 10 и 15 февруари да набавиме и кинески вакцини.

06.02.2021, Филипче: Мислам дека ќе бидеме една од ретките земји која што во прв момент ќе обезбеди значајна количина на вакцини за сериозно голем процент од населението.

08.02.2021, Филипче: Денеска практично после потпишувањето на договорот почнуваме да ги работиме деталите околу транспортот, ќе биде авионски.

12.02.2021, Зоран Заев: Денеска плаќаме за Кина за вакцините, очекуваме до крајот на месецот и тие да стигнат. Кинеска Нова Година завршува на 18ти па верувам дека тогаш ќе можеме да се организираме во делот на транспортот.

27.02.2021, Филипче: Не би сакал сега да шпекулирам сакам да бидам прецизен тогаш кога точно ќе знаеме кога ќе пристигнат. Еве се пролонгираше малце, очекувам навистина да сите овие разговори завршат за што пократко време.