На патниот правец Кичево – Охрид, на делницата Пресека – село Врбјани, сообраќајот ќе биде во прекин помеѓу 12:00 и 15:00 часот во времетраење од 15 до 20 минути, поради изведување на градежни работи на пат односно минирање.

Сообраќајот на патиштата се одвива непречено по суви коловози. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.


Администратор
04/03/2021 10:45