Во шатори поставени на отворено, но и во хотели ја поминаа ноќта дел од жителите на областа Тесалија по вчерашниот земјотрес од шест степени, додека пак денеска се проценува штетата, јави дописничката на МИА од Атина.

Од периферијата Тесалија обезбедија три хотели во Трикала и два во Лариса, како и над 250 шатори, ќебиња и слично, во соработка со Секретаријатот за цивилна заштита на Грција и војската, наменети за оние кои не сакаа или не можеа ноќта да ја поминат во нивните домови.

По силниот земјотрес, тлото во делот околу Лариса продолжи да се тресе и регистрирани се нови земјотреси, од кои еден од 5.2 степени во вечерните часови и еден претпладнево со интензитет од 4.4 степени.

Екипи од Министерството за транспорт и инфраструктура на Грција, од утрово започнаа со проверка на објектите кои претрпеа штета.


Администратор
04/03/2021 14:08