За време на контролата на надлежните органи во Грција за почитување на рестриктивните мерки, во текот на вчерашниот ден, било откриено прекршување од пратеникот на владејачката Нова демократија Милтос Хрисомалис, на кој му била изречена и соодветна парична казна, јави дописничката на МИА од Атина.

Генералниот секретар на пратеничката група на Нова демократија, соопшти дека го повикал пратеникот и му упатил сериозна опомена.

Според грчките медиуми, Хрисомалис бил казнет за време на контрола во хотел во центарот на Атина, а бил во лобито, без маска и за време на полициски час.

Портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони на денешниот редовен брифинг со новинарите рече дека ова е доказ дека се прават контроли, а контролите и мерките важат за сите.


Администратор
04/03/2021 15:25