Откако во јавноста се појави информација дека Љубомир Фрчкоски кој на предлог на Владата е номиниран за амбасадор во САД, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски на својот фејсбук продил прашува дали причината поради недобивање на агреман е заради тоа што од земјата домаќин не биле сигурни дека Фрчкоски може да добие НАТО сертификат.

- Во следните денови се очекува владата да го повлече предлогот за номинација на Фрчкоски за македонски амбасадор во Вашингтон. Ова ќе биде последица на реакциите од страна од стратешкиот партнер кои пред неколку дена по дипломатски пат стигнале директно и до Заев, со прашање дали е сигурен дека Фрчковски би можел да добие НАТО безбедносен сертификат, што е предуслов за размена на строго доверливи информации на највисоко државно ниво? Заев се правдал дека нема детални информации на таа тема за предложениот амбасадор, но дека ќе разговара со Фрчкоски за да му понуди друга функционерска опција, надвор од дипломатијата, коментира Милошоски.