На неколку минути пред полноќ, земјотрес ги вознемири жителите на Западна Македонија.
Според податоците на Европската сеизмолошка опсерваторија, земјотресот бил со јачина од 2,9 степени со епицентар кај Маврово на длабочина од 1 километар.