Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС) спроведе кратко телефонско истражување во периодот помеѓу 1 и 4 март 2021 на 1109 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија.

Според резултатите од анкетата ВМРО-ДПМНЕ води пред СДСМ со скоро 2% поени, односно доколку утре се оддржат избор за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 23,1% од граѓаните додека за СДСМ 21,2% од гласачите. Левица во македонскиот блок има рејтинг од 4,4% додека кај албанските политички партии Коалицијата АА-ААА му се доближува на ДУИ и е во минус од само еден процентен поен од неговиот ривал, односно за АА-ААА се определиле 5,9% од граѓаните додека за ДУИ 6,9%. БЕСА е последна со 1,1% рејтинг кај граѓаните.

10.2% од граѓаните не сакале да се искажат на кого би му го дале својот глас додека 11,4% се уште не знаат. 11,9% од граѓаните рекле дека за ниту една партија нема да гласаат.

Истражувањето било реализирано со користење на случаен примерок кој беше стратификуван за да се запази репрезентативноста на населението во РепубликаМакедонија.

Во него беа запазени демографските специфики на населението како полова структура, старосни групи, степен на образование и етничка припадност, со соодветна поделба на испитаниците според местото на живеење и регионалната застапеност, со тоа што Скопје беше земено како посебна целина заради своите посебности.

Истражувањето е спроведено за потребите на ИПИС со цел да се анализираат рејтинзите на партиите. Анкетата е финансирана од сопствени средства на ИПИС.