Вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров го честиташе 8 Март – Меѓународниот ден на жената со порака дека борбата за рамноправност се уште трае.

– 8 Март е Ден на борбата за еднакви права меѓу жените и мажите, борба против дискриминацијата врз жените во сите сфери на животот. Борба што се уште трае. За еднаквост, за почит, за слобода. Честит 8 Март!, напиша Димитров на Фејсбук.