Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Кристин Форсгрен Бенгтсон, амбасадорка на Кралството Шведска во Република Македонија.

На средбата беа потврдени одличните билатерални односи меѓу двете држави, кои во континуитет градат пријателски и партнерски односи и притоа беше нагласен интересот за интензивирање на економската соработка.

Претседателот Пендаровски се заблагодари за континуираната поддршка и помош од Шведска, која е силен поддржувач на политиката на проширување на Европската Унија и изрази очекување дека Македонија и Шведска и во иднина ќе ги јакнат меѓусебните односи и врски преку постојано унапредување на соработката и поддршка на македонските евроинтеграции.