На 9 март 2020 година, Инстутот за јавно здравје соопшти дека во Албанија се потврдени првите случаи со Ковид-19, татко и син, кои се вратија од неколкудневен престој во Италија, иако и понатаму лебди делемата дека вирусот во земјата бил присутен претходно.

Денес, години потоа, вкупната бројка на заразени се искачи на 113.580 од направените 491.884 тестови, или 23 отсто од тестраните. Активни на болеста моментно се 35.737 лица додека битката ја загубиле 1.956 лица иако дел од експертите од ова област, сметаат дека тој број е петпати повисок.

-Во моментов сме на врвот на кривата на пандемијата во Албанија. Градовите со најмногу инфекции и кои ја претставуваат најпроблематичната состојба се Тирана, Фиер, Скадар и Ѓирокастро. Загрижува фактот што вирусот се прошири во периферијата на земјата, па затоа има транзиција од урбани во повеќе рурални области. Згора на тоа сега најпогодена е младата поплација, додаваат експертите.

Првата жртва од коронавирусот во Албанија беше 73-ри годишна жена од Драч, која почина на 11март, до кога бројот на заразени се зголеми на 60. Најмлад пациент кој починал како последица од коронависуот е момче на 18-годишна возраст а вирусот е причина и за смртта на четириесеттина здратсвени работници, 90 отсто од нив лекари.

Веднаш по појавата на вирусот беше прекината наставата во сите образовни инситуции, а по десеттина дена Владата донесе одлука за прекина на поморскиот и воздушниот сообраќај, ја затвори границата со Грција а потоа и со другите земји, беше забрането излегување на постарите лица а потоа можеше да излегува само по еден член од семејство, со дозвола преку смс порака што како опција за излегување од дома првпат влезе во животот на граѓаните.

На 25 март албанската влада прогласи состојба на природна непогода на целата територија на земјата во период од 30 дена, кој потоа беше продолжен за уште еден месец, кога на улиците излезе и војската.

Полицискиот час за првпат беше воведен на 22 март и траеше од 13:00 до 5:00 а во викендите земјата беше целосно во карантин. По влошувањето на состојбата полицискот час повторно беше вратен во ноемри од 22:00 до 6:00 а во февруари годинава го зголеми за уште два часа и тој почнува во 20:00 часот.

Пандемијата беше втор силен удар врз албанското општество, по катастрофалниот земјотрес на 26 ноември 2019 година. Без работа останаа над 70 илјади лица, илјадници бизниси ставија клуч на врата а целосен колапс доживеа и тузимот како главна економска гранка.

Лани е забалежан историски рекорден дефицит од 889 милиони евра, јавниот долг достигна 80 отсто од БДП а по туристичкиот бум во 2019 година кога Албанија ја посетиле 6,4 милиони странски туристи, 2020 година е една од најтешките за туристичкот сектор, зашто неа ја посетиле 2,6 милони странски турсти главно од Косово.

Во пресрет на годнешната туристика сезона, премиерот Еди Рама, најави дека многу брзо ќе почне масовна вакцинација со што,како што рече, ќе биде спасена туристичката сезона.

Вакцинацијата во оваа земја почна на 11 јануари со 975-те вакцини добиени донација од пријателска земја, а потоа во три пратки добиени се околу 32 илјади дози од компанијата Фајзер. Со имунизацијата до денес се опфатени околу 21 илјади здравствени работници и постари лица од 80 години.

Наместо да се смирува епидемолошката сосотјба посебно сериозна е од почетокот на годинава, но пред се февруари и овој месец. Минатитот месец забележана е и рекордна бројка на новозарзени на месечно ниво или 29.040, со негативен рекорд од 1.239 на девети февруари. Починаа 406 лица меѓу нив и 18-годшник. За изминатите осум дена починале над 150 а новозразени околу шест илјади лица.

Порадо ваквата состојба не се исклучува можноста за воведување дополнтелни ограничувачки мерки.