Во рамки на Регионалната конференција на тема „Одржливост на младинските организации во време на пандемија и по пандемија“, денеска Младиинфо Интернационал организира онлајн панел дискусија на тема „Што знаеме за младите и што ново ќе донесе пописот?“ на платформата Зум.

Говорници на настанот ќе бидат Ѓорѓи Тасев, посебен советник за млади и спорт во Владата на Република Северна Македонија, директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, Алберт Хани директор на канцеларијата на РИКО и Димитар Низамовски, извршен директор на Младински Образовен Форум (МОФ).

Настанот е достапен да се проследи на следниот линк. За присуство на настанот потребно е да го одберете националниот панел на Северна Македонија, со што директно ќе бидете вклучени на настанот.