Кулминацијата со лошото менаџирање и набавувањето на вакцините, пишува италијанска Ла Верита, „се случи уште еднаш во Македонија каде владата предводена од Зоран Заев е подготвена дури и на сметка на здравјето на граѓаните да се бори за својот спас.“
Кина го одбила македонскиот премиер Зоран Заев за вакцини поради тоа што зделката требало да се одвива преку фантом фирма со седиште во Хонг Конг, која е наведена во сите официјални писма на министерот Венко Филипче до кинеската компанија Синофарм, открива Ла Верита во текст насловен „Битка помеѓу Кина и Русија за Балканот“
Во едно телевизиско интервју во јануари, Зоран Заев ги информираше Македонците дека никогаш не би побарал помош од Кина и Русија бидејќи земјата, по влезот во НАТО, треба да се потпре на своите западни сојузници. Ла верита, меѓутоа, дојде до две писма од министетот за здравство Венко Филипче, коишто уште еднаш го демаскираат македонскиот премиер. Првото писмо докажува дека министерот Филипче испратил барање до кинескиот Синофарм дури на 25 декември 2020, додека уште едно второ писмо од 25 јануари вели дека министерот дури и би ја ослободил Кина од било какви негативни ефекти од вакцината.
Ова го потврдува притисокот на балканската влада за финализирање на договорот. Заев призна, подоцна, дека се обратил до Пекинг, но на крајот на февруари комунистичкиот Пекинг му го вратил авансот. Причината за ова, според извори на Ла Верита, е тоа што зделката требало да се одвива преку фантом фирма со седиште во Хонг Конг, која е наведена исто така во сите официјални писма на министерот.
Фактот што приватна фирма, која според првични анализи нема стабилни темели, но има доволно средства депонирани во германската Deutsche Bank, била вклучена од страна на македонската влада во посредувањето, оставило сомнеж на официјален Пекинг дека можеби се наоѓаат пред обид за измама, и тоа донело до поништување на процедурата.
На крајот од денот, Кина се држи до принципот на директно управување со помошта и провизиите со владите, уште од почетокот на пандемијата. Уште едниот потенцијален обид за корупција извршен од мрежата на Заев, дури и на сметка на здравјето на граѓаните, овој пат се судри со тврдоглавоста на комунистичкиот кинески режим“, пишува Ла Верита.