Во поликлиниката „Јане Сандански“ вакцинирани околу 120 лица, до крајот на денот се очекуваат околу 180

Во поликлиниката „Јане Сандански“ каде денеска почна вакцинацијата со руската вакцина „Спутник V“ досега се вакцинирани 116 лица, информираа од оваа здравствена установа за МИА.

Руската вакцина пристигна викендот. На скопскиот аеродром во неделата пристигнаа првите 3.000 дози од оваа вакцина.

Освен во поликлиниката „Јане Сандански“, процесот на вакцинација се одвива и во поликлиниката „Букурешт“ каде во тек е ревакцинација со вакцината на „Фајзер“.