Писмото кое е значајно за западните демократии и Атлантската Алијанса, е она кое датира од 25 јануари, во кое министерот за здравство, во спротивност од својата институционална мисија да ги штити животите на граѓаните и кршејќи многу меѓународни конвенции, изјавува дека го ослободува Синофарм, односно кинескиот режим, од било каква одговорност за евентуални негативни ефекти од вакцината. Веќе е јасно дека во декември Кина добила барања, речиси во исто време, и од Македонија и од Црна Гора. Фактот што само вториве успеале да добијат вакцини, ни кажува дека со Скопје и комунистичкиот режим во Пекинг има мака да најде модалитет за соработка, со цел да биде заштитен од евентуални критики поврзани со менаџирањето на т.н здравствена дипломатија., пишува во италијанскиот весник Ла Верита кој во продолженија го објавува скандалот со набавката на кинеските вакцини.

Весникот додава и дека според регистарот во Хонг Конг фирмата нема медицинско ниту фармацевтско портфолио, а била регистрирана во 2017 година, пет месеци по формирањето на владата на Зоран Заев.