Петтиот пакет економски мерки за справување со последиците од ковид кризата е донесен за граѓаните и тоа што треба да го направат пратениците за неговото донесување е да си ја работат работата како и сите други во државата, порача денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

-За жал, Законот за финансиска поддршка на плати е предаден во Собрание на 16 февруари и се уште не е закажана пленарната седница за да може да ги помине комиските расправи. Вчера побарав да го прават тоа што би го правеле за своите деца за да не останат некои други деца без храна зашто некој не го прави тоа за што е платен и за тоа што е избран, рече Битиќи во одговор на прашање при денешната презентација на Оперативниот план за активни програми и мерки 2021 година.

За жал, посочи, ние не можеме како порано со уредби да ги носиме потребните законски измени за да можат да станат оперативни мерките и ќе мора час поскоро тоа да го направи Собранието.