Откако бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов денеска на својот фејсбук профил обајви неколку имиња кои асоцираат дека се политичари и пратеници на опозицијата а за кои тврди дека се гласачи во Бугарија и и излезе во пресрет на власта во обид за дефокус од скандалот за набавката на кинеските вакцини кои патем „само што не пристигнале“ во јавноста полека се разобличува неговата манипулација.
Имено, како што веќе објавивме со едноставна проверка на јавно достапните податоци од Државниот завод за статистика може да се види дека на пример во Република Македонија има 2305 лица кои го носат презимето Николоски, 1162 лица се презиваат Мицевски, а дури 7705 лица се презиваат Стојановски. Во регистарот на население 1072 лица има кои се презиваат Андоновски, 1098 лица кои се презиваат Јорданов и 872 лица кои се презиваат Здравковски. Презимето Милошоски пак го носат 88 лица.
Со оглед на тоа што имињата на наведените лица се доста присутни во Република Македонија како на пример Александар, Стефан, Никола, Бојан, Иван, Игор .... и имајќи предвид дека Каракачанов ретерираше и истакна дека тој не посочил пратеници од Македонското собрание, станува очигледно дека манипулацијата од негова страна е во само во интерес на дефокус на јавноста од аферата со кинеските вакцини.
Меѓутоа, тоа што е интересно е и дека на избирачките списоци во Република Бугарија се наоѓаат и имиња како Љупчо Николовски и Костадин Костадинов кои асоцираат на високи претставници во извршната и законодавната власт. Но тие имиња, чудно, не се најдоа на списокот на Каракачанов, а дали се двојници на актуелните функционери или пак станува збор лично за нив останува самите да се произнесат.