Опасниот вирус кој во изминатата година, според официјалните податоци на албанското министерство за здравство, погоди 77.498 лица не ги поштедил ниту најмладите.

Според докторката Џорџина Кули, началник на детското инфективно одделение-ковид центар за деца, во клиниката во Тирана, до сега во земјата регистрирани се околу 3.000 случаи на деца заразени од ковид-19.

-До сега регистрирани се околу 3.000 случаи на заразени деца на целата територија на земјата. Сме имале хоспитализирани деца дури и на интензивна нега, но тоа не се алармантни бројки. Во моментов има хоспитализирани но има слободни болнички легла, изјави Кули за Ора њуз.

Додава дека семејствата кои имаат позитивен член на вирусот, треба да бидат многу внимателни со децата, затоа што, според неа има деца кои ги манифестираат симптомите дури и по 4 до 6 недели откако ќе се зарази возрасен член семејството.

Официјално потврден е само еден случај на починато дете на 20 ноември минатата година и станува збор за 16-сет месечно дете.

До сега во земјата регистрирани се 1.986 починати меѓу кои и 43 здравствени работници, 25 полициски службеници, дваесеттина работници од образованието и културата.