Во вечерашното интервју на ТВ21 претседателот Стево Пендаровски истакна дека има три начини да се дојде до вакцини во изминатиот период, во која било држава тоа се тие, како што појасни, Ковакс механизам, кој е глобален, практично во позадина е Светската здравствена организација, која ги собира сите апликанти, и таму се пријавуваш и кажуваш колку си подготвен за одредена диструбуција кога ќе дојде моментот за тоа, понатаму Европската Унија преку таканаречениот солидарен фонд, и третиот начин е билатерално, директно како држава да комуницираш со производителите или дистрибутерите.

– Можам да споделам со вас една коресподенција која јас и еден од надлежните министри ја имавме со една од најголемите компании, можеби најголема во моментов „Фајзер“, пред Нова година, кога директно се обративме во седиштетот на таа компанија во Бостон, и беше речено, не прашаа која е големината на потенцијалниот пазар, потенцијалните консументи, и кога кажавме дека сме се на се, по старите пописи два малиони луѓе, од тоа сме толку малолетни, толку полнолетни пута два, како оди сега во делот на таа вакцина конктерно, и разговорот брзо заврши, бидејќи рекоа во овој момент имаме неверојатна навалица на огромни држави со милијарди луѓе потенцијални купувачи и консументи, така што овој момент вели: деловната политика на фирмата во тој момент, не е да разговара со држави кои имаат помалку од два милиони жители, образложи Пендаровски.

За потсетување пак, Владата до медиумите испрати соопштение во која се пофали дека лично Венко Филипче во директни разговори со Фајзер договорил 800.000 вакцини за Република Македонија.

- Република Северна Македонија, ќе добие 800.000 вакцини против КОВИД-19, од производителот Фајзер. Министерот за здравство д-р Венко Филипче, во директни преговори со овој производител, обезбеди вакцини за цела 2021 година. Договорот беше дефиниран утрово во телефонски разговор на министерот Филипче и висок претставник на компанијата прозиводител на вакцини против КОВИД-19. Првите 5.850 дози вакцини на Фајзер ќе стигнат во февруари, потоа ќе следува пратка со поголема количина во март, април, а динамиката за цела 2021 година дополнително ќе се утврди, стоеше во соопштението на Владата.

Тој потенцираше дека мора да се каже дека на малите држави оваа криза и на почетокот и на крајот се скрши најмногу, бидејќи богатите многу побрзо и многу полесно дојдоа до вакцина.

На новинарското прашање дали освен со „Фајзер“ се побарале помош со комуниција по одредени дипломатски канали, Пендаровски рече дека побарале и оти не би сакал да ги набројува неговите колеги, бидејќи тие ќе имаат проблеми со нивната јавност.

– Јас разговарав со осум претседатели на земји членки на ЕУ и од сите ми беше предочена таа иста реченица – „ние баравме, точно првата квота требаше да биде 100.000 дози, добивме 20.000, не можеме на ниту еден начин на нашето јавно мислење да му објасниме дека треба да извезуваме било каде, тие велат прво нашите граѓани па се друго, и во ЕУ, не постои земја членка која е близу Израел. Нема ни близу Србија, а камо ли Израел и како да извезуваме. Јавното мислење беше против тоа. Факт е дека се јавувавме секаде каде што можевме. И по служби, и по држави и по поранешни дипломати и по сегашни дипломати, надвор од она што е на власт некаде, тие што ги знаеме наназад 20-30 години, зависи кој колку е возрасен и колку има видено и чуено во животот. Во еден момент, преку некои наши извори во странство добивме информација дека нашиот единствен жив нобеловец Ферид Мурат е во бордот на „Фајзер“, дојдовме до него, разговаравме и со него да помогне некако и тој не упати се разбира до првите луѓе таму, истакна Пендаровски.

Тој нагласи дека неговото сознание за државите кои се најуспешни или прилично успешни општо во светот е дека практично сите тие ги користеле и тие „приватни релации“.

Во однос на текстовите и документите што ги објави „Ла верита“, претседателот посочи дека неговата координација со премиерот, надлежните министри и со министерот за здравство, но и со оние за европски прашања или за надворешни работи, кои имаат комуникација со надворешни субјекти или меѓународни субјекти во делот на „дај да помогнеме да најдеме вакцини“ во изминативе два до три месеци, се сведува само на координација на кој каде може и каква информација добил од некаде, од странски држави, меѓутоа не и во делот на конкретната документација која е праќана и до кого е праќана.

– Значи се што знам, знам од тоа што весникот го објавува и има мала дилема околу кредибилноста на весникот, може сум грешка меѓутоа не би одел кон тоа, значи секој медиум или социјална мрежа кога објавува нешто треба со должно внимание да го претресеме тоа прашање до детали, зошто не можеме да кажеме ти не си кредибилен и овие другите само ќе ги слушаме. „Ла верита“ треба да се провери до крај и при тоа, плус од тоа што тие го објавуваат денеска во второто продолжение, а објавуваат и документи од таа коресподенција, со некои кинески компании, односно компании од Хонг Конг и со кинеските официјални институции, Министерство за надворешни работи и плус имаме информација денеска од министерот за здравство кој кажува зошто тоа е направено, откако им било предочено од кинеското МНР дека тоа не е патот кој треба да се оди, тие се враќаат назад и го враќаат тој капар, рече Пендаровски.