Поради поврзување на нова водоводна мрежа на улица Анастас Митрев, без вода ќе бидат корисниците од бр.8 до бр.28.

Како што информираат од ЈП Водовод и канализација, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9.30 часот, сѐ до завршување со активностите.