Хрватска има 26-процентно неделно зголемување на бројот на нови случаи на Ковид-19 и повеќето од неопходните епидемиолошки мерки ќе продолжат до крајот на март, но ќе бидат овозможени спортски натпревари на отворено, соопшти денеска на прес-конференција Националниот штаб за цивилна заштита.

До 31 март ќе важат мерките за забрана за собирање на повеќе од 25 лица на едно место, а на приватни собири најмногу 10 лица од две семејства.

Јавните собири можат да траат најдолго до 22 часот,до кога можат да работат и пекарите, а забраната за продажба на алкохол е во сила од 22 часот.

Работното време на угостителските објекти е ограничено до 22 часот, а свадбите сè уште се забранети.

Спортски настани, натпревари и тренинзи можат да се одржат само без публика и со строго почитување на сите пропишани епидемиолошки мерки и посебни препораки и упатства од Хрватскиот институт за јавно здравје.

Меѓу другото, се препорачува верските обреди, секогаш кога е можно, да се пренесуваат преку радио, ТВ програма или на друг начин кој ќе овозможи присуство на верници.