Пред 15-тина минути во Маврово е регистриран нов земјотрес овој пат посилен од првиот кој беше регистриран пред околу два часа.
Според податоците на ЕМСЦ, во 22:17 часот е регистриран земјотрес со јачина од 4,9 степение според Рихтер на длабочина од 2 километри,
Претходно пак телеметриската сеизмолошка мрежа на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва 20 часот и 40 минути, регистрира земјотрес од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар со епицентар на 50 километри југозападно од Скопје, соопшти Сеизмолошка опсерваторија.
– Земјотресот беше со локална Рихтерова магнитуда од 3,0 степени. Според досегашните податоци земјотресот беше почувствуван од населението во Дебар, Гостивар, Кичево и Маврово со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, информираат од Сеизмолошката опсерваторија