Трибинскиот дел на Градскиот стадион во Македонска Каменица наскоро ќе добие нов лик. Градоначалничката Соња Стаменкова која изврши увид на состојбата на трибините пред почетокот на градежните активности, информираше дека активностите се реализираат како дел од Договорот за бетонско и партерно уредување.
-Заедно со изведувачот на Договорот за бетонски работи и патерно уредување „Стоименов", од кој добив уверување за засилена динамика и квалитет во градежните активности, пред почетокот на реконструкцијата, извршив увид во состојбата на трибинскиот дел од Градскиот стадион во Македонска Каменица. Покрај реконструкцијата на трибните, договорот опфаќа изградба на неколку паркинг простори со повеќе паркинг места, пристапни патеки и шеталишта на повеќе позиции во Општината, рече Стаменкова.
Средствата во висина од осум милиони денари за реализација на целиот договор, како што додаде се обезбедени од општинскиот буџет. Паралелно како што додаде во тек е и изградба на јавен тоалет.
-Целосната реализација на проектот предвидува изградба на три засебни внатрешни клетки, пристапни патеки и скали, неонско осветлување од обновлив извор на енергија преку вграден фотоволтаичен систем, додаде Стаменкова
Средствата за изградба на јавниот тоалет во висина од 759,4 илјади денари, се издвоени од буџетот на општина Македонска Каменица.