Специјалната единица која функционира во рамки на Министерството за внатрешни работи„Тигар“ одбележа 40 години од нејзиното фомирање.
Командантот на САЕ Митко Даневски рече дека од формирањето до денес низ редовите на единицата поминале 700 припадници на македонската полиција, а посебно место во историјата на единицата имаат полициските службеници кои ги дадоа своите животи извршувајќи ја својата должност, на првата борбена линија.
„Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ во изминатите 40 години беше и продолжува да биде чувар на уставниот поредок на државата, во борбата против тероризмот и организираниот криминал, гарантирајќи го мирот, слободата и безбедноста на сите граѓани на нашата земја“, рече Даневски.
Но она што е карактеристично да се спомене е тоа што оваа единица од доби ново име и ќе се нарекува „Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ како и ново лого на кое го нема називот Република Македонија. Исто така, ознаката „Macedonia“ е тргната од униформите на припадниците на оваа специјална единица.