Жестоки реакции, првенствено иронични и потсмевнувачки, предизивика фејсбук статусот на вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски.

Имено, тој на фејсбук ја информираше јавноста дека во „одлучна“ акција, државните институции заплениле 4,5 тони путер со поминат рок. Тој повика и за спроведување на целосна истрага и одговорност за случајот.

- Во акција на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) кај операторот Евро Млекара ДООЕЛ Скопје, се пронајдени и запленети 4.5 тони путер, кој имал важност до 2019 година. Производот е затекнат во продажба без декларација, и од страна на АХВ веднаш е повлечен од пазарот.

Заштитата на граѓаните и нивното здравје се на прво место. Повикувам на целосна истрага и одговорност!, напиша Николовски.