Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги информира потрошувачите дека операторот со храна (увозник и дистрибутер) Евро Млекара ДООЕЛ Скопје, на 11.03.2021 година извести дека постапи по решението бр. 25- 977 од 10.03.2021 на инспектор и од пазарот истиот ден отповика производ путер во пакување од 25 килограми во блокови и 5 килограми во канти.

Производ: Ulsalted lactic butter, min 82% butterfat

Причина за отповикување: Поминат рок на употреба

Производител: Rucker GmbH - Германија

Извозник: Interfood BV – Холандија

Увозник и дистрибутер: Евро Млекара ДООЕЛ Скопје

Потекло на производот: Германија

Серија: 24

Дата на производство:13.12.2020

Рок на употреба- до 13.02.2021

Се известуваат купувачите доколку ги имаат купено овие производи, истите да не ги консумираат, да ги вратат на местото на набавка, или нештетно да ги уништат, стои во соопштението на АХВ.

Претходно пак, вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски на својот фејсбук профил го сподели соопштението и напиша дека во акција на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) кај операторот Евро Млекара ДООЕЛ Скопје, се пронајдени и запленети 4.5 тони путер, кој имал важност до 2019 година. Производот е затекнат во продажба без декларација, и од страна на АХВ веднаш е повлечен од пазарот.

Заштитата на граѓаните и нивното здравје се на прво место. Повикувам на целосна истрага и одговорност!, стоеше во фејсбук статусот на Николовски.