Адвокатот на Орце Камчев, Тони Менкиноски, во врска со притворот на бизнисменот денеска истакна дека ова што се случува во Република Македонија е класичен „садизам“.

- Сакам да ве информирам дека живееме во садистичка држава. На ваков ден (прочка) да се определи ваква мерка без никаква основа може да биде само израз на садизам од страна на институциите на системот. Во утринските часови Орце Камчев беше лишен од слобода поради кривично дело изборна измама а подоцна од ЈО за организиран криминал и обвинител од Радовиш побара притвор за Орце Камчев поради некаква си индиција за бегство. Иако е дадена гаранција капитал, одземени се пасошите на Орце Камчев сепак се бара притвор надвор од сите рокови бидејќи обвинение по 30 месеци истрага не е поднесено, истакна Менкиноски.