Адвокатот на Орце Камчев на кого денес му беше одреден 30 дневен притвор, Тони Менкиновски истакна дека при врачување на решението за притвор не им биле презентирани документите од АНБ.

– Сакам да напоменам дека судијата не ни го даде решението, туку дојде записничарката, рече Менкиновски, кој во врска со другите мерки вели дека самиот судија бил контадикторен бидејќи со денешното решение требал да ги укине другите мерки и да ја напише само мерката притвор.

Како што рече Менкиновски, Камчев следната недела треба да сведочи во случајот „Меѓународен сојуз“ против сопругот на пратеничката Фросина Ременски, Јовче Ременски, за кого кажа дека е вработен во АНБ, од каде потекнува белешката за можно бегство на Камчев. Следното рочиште за случајот Меѓународен сојуз е закажано за 18 март.

На забелешката на новинарите дека притворот нема да го спречи Камчев да се појави на рочиштето, Менкиновски потенцираше дека сега неговиот клиент немал да биде на досегашната адреса, поради што можело да дојде до одолговлекување на судењето за „Меѓународен сојуз“.