Од последици од ковид-19 во Црна Гора вчера починаа уште седум лица, со што од почетокот на март вкупно починаа 126 луѓе, а во цел јануари починаа 123.
Во Црна Гора зголемен е бројот и на хоспитализирани лица. Само во текот на вчерашниот ден биле примени во болница 141 човек, од кои 82 со тешка клиничка слика.
Директорот на црногорскиот Институт за јавно здравје, Игор Галиќ изјави дека бројките на новозаразени и починати лица јасно укажуваат дека епидемијата е вон контрола.