Во Основниот кривичен суд Скопје, денеска продолжува судењето за предметот „Ласкарци“, кој се однесува на автобуска несреќа во која на 13 февруари 2019 година, загинаа 16 лица, а над 30 беа тешко повредени.
Обвинети во овој случај се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари, и возачот на автобусот Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, се товарат за соучество во истото дело.
Случајот го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Дарко Јакимовски.