Денес 15-ти Март 2021 година, во просториите на Сојузот на синдикатите на Македонија во Скопје, Македонскиот полициски синдикат – Секција на жени, во партнерство со Македонското здружение на млади правници-Скопје, реализира работилница на тема: “Правна заштита од дискриминација и права од работен однос”.

Активноста беше проследена од страна на државниот секретар во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија г-ѓа Магдалена Несторовска, Претседателот на МПС Д-р Марјан Кицев, Генералниот секретар на МПС г. Киро Трајковски и потпретседатели во МПС членови на Извршно Биро, Претседателот на Македонското здружение на млади правници г.Зоран Дранговски и претседателот на Синдикатот на полицијата на Косово г. Валбона Камбери.

Присутните на работилницата имаат можност поблиску да се запознаат со дискриминација, што е дискриминација, препознавање на дискриминацијата, законска уреденост, механизми за заштита, права и обврски од работен однос.

Ваквата проактивна активност на Македонскиот полициски синдикат преку Секцијата на жени при МПС беше поздравена од присутните гости и учеснички, со желба во иднина да продолжат ваквите активности со цел подигање на свеста и јакнење на капацитетите на жените не само во Македонскиот полициски синдикат туку и во Министерството за внатрешни работи Република Македонија.