Македонското друштво „Илинден" – Тирана, заедно со огранокот за Голо Брдо, ги повика припадниците на македонското малцинство, кои поседуваат државјанство на Република Македонија, да се попишат преку електронската апликација.
– Упатуваме јавен повик до припадниците на македонско национално малцинство во Албанија да се попишат на пописот на државјаните на татковината Македонија, кој е во тек. Тоа се врши преку едноставната апликација https://census.stat.gov.mk и секој може да одвои малку од своето време и да се попише, стои во апелот на друштвото.
Во соопштението се додава дека оваа можност ќе може да ја искористат до 21 април.
Друштвото потенцира дека Македонската амбасада во Тирана дава логистичка поддршка, со цел информирање и одговарање на прашања.