За неполни 24 часа, околу 13.000 граѓани се потпишаа на онлајн петицијата на Change.org со која се бара повлекување на Васил Гарванлиев како претставник на Македонија на „Евровизија“.

Петицијата следува откако во видеоспотот беа препознаени боите на бугарското знаме, што за многумина претставуваше провокација и пропаганда. Поради реакциите на јавноста видеото беше повлечено и беа отстранети спорните сцени.

Викендов, пак, беше споделено старо интервју од Гавранлиев, во кое тој открива дека поседува и бугарски пасош, со што уште толку се разгореа емоциите на јавноста.

Денеска преку видеообраќање до јавноста пејачот се извини доколку некого ненамерно повредил и навредил.