На отворено и со дистанца вирусот не се шири, надлежните да признаат каде најмногу ја има короната, вели за Алфа микробиологот Никола Пановски. Тој вели оти неопходно е да се стави клуч на врата кај угостителските објакти, и да се воспостави ред во јавниот превоз, оти само така ќе се држи под контрола третиот корона бран.

-Сите мерки, додека работат кафани, кафичи, фитнес клубови, коцкарници и обложувалници се депласирани, без разлика дали од 22 до 05 часот. Казнување на луѓе по улица дека не носеле маски, никаква врска тоа нема со ширење на епидемија. Се знае каде се шири епидемија. Рестораните, барем според мене, не треба да работат. Од економски причини работат, па плаќаме со болест и животи, а друго е што таму внатре не се почитуваат мерките, бидејќи во кафичите секојдневно гледате како стојат на коњопои на триесет сантиметри без маски, вели Пановски.

Дека мерките не се доволни сведочат и граѓаните. Велат полициски час мора да има и преку ден, па дури и ограничено работно време за угостителите.