Во Атина денеска ќе се одржи 62-от круг од прелиминарни контакти меѓу Грција и Турција, јави дописничката на МИА од Атина.
Последниот круг контакти меѓу двете земји се одржаа на крајот од јануари во Истанбул, по што Грција, како следен домаќин, до Турција испрати предлог датуми за нов круг и го очекуваа одговорот од Анкара за да се прецизира новиот термин.
Министерството за надворешни работи на Грција, минатата седмица соопшти дека на 16 март ќе биде следниот 62-от круг од прелиминарните контакти.