Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) ќе предложи целосно „затворање” на Црна Гора, поради „сложената, загрижувачка и алармантна” состојба, изјави денеска епидемиологот Марија Божовиќ.
Министерството за здравство во текот на минатата недела донесе нови епидемиолошки мерки, кои вклучуваат заклучување на 11 градови и општини, а нови се најавени за утре.
– Ако се воведе локдаун во земјата, би имале резултати, но и после тоа, основните мерки ќе мора да се почитуваат затоа што вирусот е тука, а дневните бројки нè предупредуваат на тоа, рече Божовиќ.