Вицепремиерот Љупчо Николовски задолжен за борбата против корупцијата викендов со сопругата заминал на одмор во Дубаи, објави порталот Нетпрес.

Како што пишува медиумот, Николовски летал за Дубаи заедно со директорот на ТЕЦ Неготино, Небојша Станковиќ, кој исто така е придружуван од сопругата.

„Прво со автомобил отпатувале за Белград, а оттаму со авион полетале за Дубаи“, пренесе порталот.