Четири месеци првиот човек на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски го нема никаде. Ако на почетокот на пандемијата беше речиси секоја недела пред камерите, кога ситуацијата беше далеку помалку алармантна од сега, во периодов кога коси и британскиот сој а бројките на новозаразени и починати се повеќе од катастрофални- најважниот доктор во државата исчезна.
Караџовски не одговара на новинарските повици, а од Министерството за здравство само кусо велат:
-Претседателот на комисијата за заразни болести завзема став во јавноста кога смета дека е потребно – велат од министерството за Алфа.
Во меѓувреме се шпекулира дека викендов ќе следи зголемување на полицискиот час од 17 до 5 часот, но за евентуални порестриктивни мерки Комисијата ќе одлучува утре.
Mикробиологот Никола Пановски вчера изјави дека најдобро решение е да се затворат угостителските објекти
-Се знае каде се шири епидемија. Рестораните, барем според мене, не треба да работат. Од економски причини работат, па плаќаме со болест и животи, а друго е што таму внатре не се почитуваат мерките, бидејќи во кафулињата секојдневно гледате како стојат на коњопои на триесет сантиметри без маски, вели Пановски.
Тој нагласи дека надлежните во државава треба итно да објаснат какви анализи имаат направено на тема ширење на вирусот.