Богдан Илиевски во јавноста познат како „Бетмен велит“ на својот фејсбук објави сценарио како обичниот граѓанин имал луда среќа и додека барал во телефон на кого да му се јави да го пуштат на граница во време на полициски час му се појавил бројот на премиерот на една држава.
- Ннекој непознат граѓанин е заглавен на граница и се решава на последниот безнадежен чекор, да притиска разни бројки на тастатурата во надеж дека ќе наиде на некој кој ќе му помогне
-за негова луда среќа, во комбинацијата на бројки кои ги притиска го убодува бројот на премиерот
-за негова дупла среќа, во тоа ниедно време-невреме премиерот не е на телефон за да бара вакцини, туку му се погодува слободна линија
-за негова трипла среќа, иако е доцна, премиерот крева на непознатиот број од граѓанинот кого не го ни познава
-за негова четрипла среќа, овие кои спречуваат хибридни напади по телефон во влада спиеле во тоа време, па непознатиот граѓанин може слободно да исконтактира со премиерот
-премиерот му вели „дај ми некој од службениците таму, да им кажам каква одлука донесовме“, при што непознатиот граѓанин им го дава телефонот на службениците и им вели „премиерот сака да ве чуе нешто...“
-овие не му веруваат, но го земаат телефонот. Шок! Прекрасниот глас на Виолета е соочен со познатиот глас на премиерот! И' ja соопштува одлуката на влада и Виолета постапува по наредбата не на нејзиниот претпоставен, туку на Владетелот...
-Виолета заведува службена белешка дека и се јавил Владетелот
-Подоцна службената белешка е променета и изоставено е името на Владетелот, туку стои само дека имало јавување и телефонска насока
-Влада демантира дека Владетелот вртел телефони
-Владетелот признава со лепршава ноншалантност дека тој се јавил за да им ги соопштува одлуките на влада на граничарите:)
Јас стварно, стварно немам што да додадам 🙂 , пишува Илиевски.