Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје денеска организира онлајн-настан за одбележување една година од постоењето на Едуино – портал за дигитални образовни содржини, соработка и професионален развој (www.eduino.gov.mk).
Платформата профункционира лани во март како одговор на пандемијата и решение за учење на далечина. На Едуино се закачуваат видеа од лекции за ученици, снимени од наставници, како и дигитални активности за игра во домашни услови наменети за деца од предучилишна возраст.
На одбележувањето на годишнината на Едуино најавени се обраќања на министерките за образование и наука и за труд и социјална политика, Мила Царовска и Јагода Шахпаска, претставничката на УНИЦЕФ Патриција Ди Џовани, амбасадорката на Велика Британија, Рејчел Галовеј, в.д. директорот на Бирото за развој на образованието Зеќирија Хасипи и менаџерот на СмартАп – Лабораторија за иновации, Александар Лазовски.