„Дали и зошто законодавецот ги заборави реформите во семејното право“ е насловена денешната конференција што ја организира Институтот за правно-економски истражувања и едукација. На конференцијата е најавено обраќање на народниот правобранител Насер Зибери.
Како што информираат организаторите, денешнава конференција е составена од девет теми, почнувајќи од „Односот на Уставите кон семејството“, а ќе зборува професорот Светомир Шкариќ од Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје.
Втора тема на ова конференција е „Глобалните промени во семејството и потребите од реформи во македонското семејно законодавство“, односно „Воведувањето на концептот на генетското потекло во Законот за семејството – правото на детето да го дознае својот генетски идентитет“.
Исто така ќе се дискутира и за „Реформи во чекална: Усогласеност на националното семејно право со ратификуваните меѓународни конвенции, „Процесноправна положба на детето во парничната постапка“, „3аедничко вршење родителското право по развод на брак“, „Арбитража во семејните спорови“, Улогата и овластувањата на Центарот за социјална работа при донесување одлука за доверување на децата по разводот на бракот и определување на начинот и динамиката на одржување на личните и непосредни контакти“.