Министерката за образование и наука Мила Царовска и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) Коста Петров денеска ќе го промовираат јавниот повик „Предизвик за млади истражувачи #4 – зелени проекти”.
Како што информира МОН, целта на повикот е поттикнување на креативното размислување кај децата и поддршка за истражувачки проекти базирани на научен метод.
Предизвикот се спроведува четврти пат како дел од концептот кој го развива ФИТР – „Фонд за млади умови”.