Здравствените власти во Црна Гора денеска ќе соопштат нови рестриктивни мерки за спречување на пандемијата со Ковид-19.
– Крајно време е државата да се прилагоди на здравствената ситуација во земјата, изјави црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ.
Во Црна Гора претходно се затворени 11 градови и општини.
Во Црна Гора досега со Ковид-19 се инфицирале 84.700 луѓе, а регистрирани се вкупно 1.151 смртен случај.