Министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас првично ја прифатил поканата на неговиот турски колега Мевлут Чавушоглу да ја посети Анкара на 14 април, но доколку преовладуваат соодветни услови, јави дописничката на МИА од Атина.

Повикувајќи се на дипломатски извори, државната агенција АНА-МПА jaви дека за време на денешните политички консултации меѓу Министерствата за надворешни работи на Грција и Турција, меѓу другото, била разгледана и можноста за средба во блиска иднина на шефовите на двете дипломатии.

Во овие рамки, според АНА-МПА вршителот на должноста генерален секретар на Министерството за надворешни работи, амбасадорот Темистоклис Демирис, го известил турскиот заменик-министер за надворешни работи, амбасадорот Седат Онал, дека „министерот за надворешни работи, Никос Дендиас, првично ја прифатил поканата од неговиот турски колега, но доколку преовладуваат соодветни услови“.

Дендиас вчера рече дека е подготвен да се сретне со неговиот турски колега Мевлут Чавушоглу, но истакна дека „за една таква средба да има смисла, треба да се одржи во соодветна клима“.