Со одлука на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис се формира Комисија што ќе изготви националната стратегија за еднаквост на ЛГБТИ лицата за периодот 2021 – 2023 година, јави дописничката на МИА од Атина.
Како што соопштуваат од кабинетот на Мицотакис, целта е Комисијата да изготви целосен план што ќе ги дефинира стратегијата и активностите на министерствата и надлежните органи за планирање, разработка и спроведување на политиките за рамноправност на ЛГБТИ лицата.
Грчкиот премиер оствари средба со поранешниот претседател на Европскиот суд на човекови права и професор по меѓународно право на Линос Александрос Сисилианос кој е назначен за претседател на Комитетот и рече дека во 21 век, во Грција „треба сите треба да се чувствуваат слободни да бидат она што навистина се без страв и без дискриминација“
-Сите работиме за модерна и праведна Грција, а една таквата земја не може да ги исклучува или дели своите граѓани. Затоа ЛГБТИ лицата мора да најдат еднакво место во економскиот, политичкиот и социјалниот живот на нашата земја. Тоа е нивно индивидуално право, но исто така е и обврска на државата, рече Мицотакис.
Членови на Комисијата се универзитетски професори, претставници на ЛГБТИ здруженија, како и претставници на Владата, а целта е извештајот од нивната работа со прелиминарниот план пред летото да бидат доставени до грчкиот премиер.