Поранешниот министер без ресор во Владата на Заев, Аднан Ќахил го критикува предлог законот за попис.

-Во затворени кругови се носи закон за попис, каде велат дека тоа е статистичка операција, ама е статистичка операција зошто се носи политичка одлука, ние имаме парекселанс политичка влада, ако е статистичка операција оставете на статистика да одлучи кога ќе го направи пописот и да не се мешаме ние, вели Ќахил за Алфа.

И аналитичарот Владимир Божиновски вели дека пописот во време на пандемија е нелогичен – прашува зошто упорно се турка, кога уште од старт е проблематизиран.

- Имате сериозни проблеми во самиот закон за попис,има проблеми во методологијата за попис, сериозен проблем во начинот за попис кој што е надвор од сите правила на Евростат, без разлика дали им кажале од Евростат, терајте си нема врска. Ако ги видите како се попишуваат државите на ЕУ, со оваа бурлеска од попис, едно со друго врска немаат, вели Божиновски.

Божиновски предупредува -ако резултатите на пописот се над 1.750.000 луѓе во Македонија, тоа значи дека тој е фалсификат.