Поради дефект на затварач Ф 400 на ул.„Самоилова” бр.4, прекинато водоснабдување денеска ќе имаат корисниците на улиците „Лазар Личеновски”, „Карпошово востание”, Црвена скопска општина и дел од „Св.Прохор Пчински”.

Од ЈП Водовод и канализација информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08 часот до отстранувањето на дефектот.