Министерството за образование и наука информира дека во тек е конкурс за доделување седум стипендии за студирање на Руската претседателска академија за национална економија и јавна администрација (РАНЕПА) во Москва за академската 2021/2022 година, објавен од „Македонија2025“.
Според видот и областите на студии, се доделуваат: две стипендии со целосна школарина за додипломски студии по европски бизнис, јазик и култура (четиригодишни студии); две стипендии со целосна школарина за магистерски студии по глобално лидерство (двегодишни студии) и три стипендии со делумна школарина (50 отсто) за магистерски студии за управување со проекти (двегодишни студии). Рокот за аплицирање е 25 март 2021.
– РАНЕПА е најдобра бизнис-школа во Русија со национална и меѓународна акредитација, која според последните рангирања (во 2020 година) на универзитетите во Русија се наоѓа на четвртото место, се наведува во објавата на веб-страницата на МОН каде што се достапни и повеќе информации за стипендиите.