Во текот на ноќта биле запалени осум возила пред претставништво за автомобили во атинска населба, јави дописничката на МИА од Атина.

Противпожарната служба интервенирала за гаснење на пожарот што брзо се проширил меѓу паркираните возила, а според грчката новинска агенција АНА-МПА, полицијата го истражува случајот.