Иницијативниот одбор за свикување на Вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, одржа состанок на кој беа разгледани подготовките за Конгресот закажан за 28 Март во Скопје, информираат преку соопштение до јавноста.
Оттаму велат дека заради влошената епидемиолошка состоба и доцнењето со техничките подготовки, Иницијативниот одбор донесе одлука за одложување на закажаниот Вонреден конгрес.
Иницијативниот одбор, додаваат, навремено ќе ги информира делегатите и јавноста откако ќе се утврди новиот термин.