Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска се сретна со амбасадорот на Чешката Република во нашата земја, Мирослав Томан, соопшти МТСП.

Покрај билатерланиот договор за социјално осигурување, кој го имаат потпишано Северна Македонија и Чешка, а опфаќа и уредува права од социјалното осигурување, двете земји соработуваат и на други значајни области, како што е заштитата на човековите права, маргинализираните категории на граѓани, зајакнување на социјалниот дијалог, политики за пазарот на труд и вработување.

– Од голема важност е поддршката која Република Чешка ја дава на нашата земја на евроатланскиот пат. Секој реализиран проект, секое споделено искуство, секоја укажана помош е значајна за нас и ни помага во евроинтегративниот процес, истакнала министерката Шахпаска на средбата .

На средбата се разговарало за искуствата во однос на справувањето со кризата предизвикана од Ковид-19 и начините за полесно надминување на пост кризниот период. Во таа насока од страна на министерката беа посочени петте пакети економска помош од страна на Владата, кои претставуваат помош и поддршка на економијата, компаниите, граѓаните со акцент на најпогодените сектори и категории на граѓани.

Предложени се неколку проекти кои ќе помогнат во дигитализирање на работите во нашата земја и кои ќе помогнат при едукацијата на маргинализираните категории на граѓани.

И двете страни изразиле подготвеност за интензивирање на соработка и реализирање на повеќе проекти во областите кои се спаѓаат под ингеренција на Министерството за труд и социјална политика.